(Видео) Ослободени морнарите кои беа киндaпиpaни од пиpaти – снимен упадот на бродот Моцарт

Ослободени се 15 членови на екипажот од турскиот товарен брод кој пиратите го киднапиpaле во јануари во близина на западноафриканското крајбрежје, соопштила денеска бродската компанија Боден.

Во соопштение на турската компанија наведено е дека морнарите се на безбедно, дека стапиле во контакт со семејствата и дека ќе бидат вратени во Турција што е можно побрзо.

Не се изнесени повеќе детали за нивното пуштање и не е познато дали е платен откуп.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рекол дека тие ќе бидат вратени во Турција од Абуџе во Нигерија со авион на Туркиш Ерлајнс, пренесува државната агенција Анадолија.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.