(Видео) За најдобрата работа во светот се пријавија 40.000 луѓе: Милионерот кој бара асистент доби и брачни понуди

Младиот бизнисмен Метју Лепре (26) кој бара асистент да патува со него низ светот и да му помага во работата, објави дека добил 40.000 пријави за работа.

Потенцијалниот работник би добивал 32.000 евра плата, а ќе престојува и во луксузни хотели ширум светот.

На огласот пишува “Најдобра работа во светот”, а како што вели Метју, освен пијави за работа добил и брачни понуди.

“Добив повеќе од 40.000 пријави од сите делови во светот, а од сите кандидати дури 75 проценти се жени. Добив и неколку понуди за брак”, вели тој.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.