(Видео) ВУЧИЌ: Да изгубев на референдум како Заев ќе си дадев оставка

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето гостување на српската телевизија „Хепи“ даде осврт и на неодамна одржаниот референдум за промена на уставното име на Македонија.

„Нема да си играм како во Македонија народот вика не, а во собранието се изгласа за. Во Србија да се одржеше референдум и да изгубевме ќе си дадев оставка и ќе речев граѓаните се против и не можам да одам против тоа.“, потенцираше српскиот претседател во своето интервју.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.