ВИБЕР СЕ ПРОМЕНИ: Одлична нова опција која веднаш ќе почнете да ја користите

Screenshot_4-11

Корисниците на Вибер добија можност да разменуваат фотографии и видеа кои откако ќе ги видат ќе бидат избришани. “Снепчет” пред неколку години го популаризираше “самоуништувањето” на пораките, па оваа опција стана особено популарна меѓу тинејџерите бидеќи можат да испраќаат “слободни” фотографии без страв дека ќе ги види некој друг освен сопствнеикот на телефонот.

Неколку секунди откако пораката ќе биде примена, односно фотографијата, таа ќе биде избришана од телефонот така што никој нема да може да ја види. Со текот на времето Снепчет стана многу повеќе од обична платформа за праќање на самоуништувачки пораки, додека оваа опција ја употребуваат и други компании.

Опцијата за праќање на фотографии и видеа кои исчезнуваат неколку секунди по нивното отварање е достапна и на Вибер.

104775_capture-20170204-043246

Ф.Г.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.