Бритни Спирс бoлeдува од деменција: Документарецот откирва страшни тајни за нејзиниот живот

Пејачката Бритни Спирс веќе 13 години не располага со својот имот – парите од концертите, турнеите, настапите и спонзорските договори одат на сметка со која располага нејзиниот татко Џејми Спирс.

Причината за тоа е скандалот од 2007 година, кога Бритни доживеа нервен слом и ја избричи нејзината глава пред објективите на папараците, поради што Џејми бараше поп пејачката да биде под негов надзор. Сега, во документарецот кој ќе биде емитуван на 5-ти мај се открива и како го направил тоа – во судските документи навел дека Спирс има деменција.

„На здравствениот картон Џејми го штиклирал полето покрај кое пишува „деменција или некоја друга состојба поради која е неопходен третман“, што е страшно и доколку е точно и доколку не е точно“, наведува новинарот кој го припремал документарниот филм за Бритни.

Таткото на пејачката неодамна дури и ја обвинил сопругата дека ја „експлоатирала ќерката“, а поради неодамнешната болecт ја прогласил менаџерката на Бритни, Џоди Монтгомери, за нејзин привремен старател.

Бритни, сите овие години колку што е под надзор, ниту еднаш не била сослушана на суд по повод својата ситуација, а прва шанса да ѝ се укине надзорот сега кога има 39 години ќе добие овој јуни.

Во документарецот се преиспитува дали пејачката навистина боледува од деменција, а на социјалните мрежи веднаш започна расправа по повод ваквата информација. Фановите се сомневаат дека Бритни има деменција, бидејќи ако е така, „како таа би можела да ги научи и запомни сите песни и танцувачки кореографии?“.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.