Фејсбук статус на проф. д-р Дејан Трајкоски од Битола
-Возот за Жабени тргнува од Битола во 10:30 часот, а пристигнува во 10:39. Поаѓањето назад е во 11:00 часот. Воз и возен ред за Гинис.
Цената на билетот во една насока е 43 ден., а на повратниот – 65 денари. Прашав на билетарница и најсериозно ми одговорија. Единствено не знам што би правеле во Жабени 20 минути, ама барем ќе се повозиме.
П.С. Ми текна. Ќе прошетам до Меџитлија и ќе се вратам пешки во Битола! Додека не ја укинале линијата како нерентабилна.