Бербер од Прилеп му зеде “скалп” на Николоски, а тој пак истото му го планира на Заев во среда?

Носителот во четвртата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денешната посета на Прилеп ја искористи и за нова фризура.

Николоски го посети фризерскиот салон “No.1” каде се поднови со нова фризура во пресрет на изборите на 15-ти јули.

“Во Прилеп во фризерското студио на браќата Марјан и Сашо на добар муабет и нова фризура”, напиша Николоски на Фејсбук.

Николоски најавува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и вели дека ќе го порази Зоран Заев на домашен терен во среда.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.