“ЌЕРКАТА НА ЃАВОЛОТ”: Со години ги измачувала сопствените деца, а потоа ги убила за да го добие осигурувањето од 650.000 евра

Австралијанката Мери Кребтри (51) од Голд Коуст, Квинсленд, е упасена поради сомневање дека ги убила своите две деца со посебни потреби.

Според информациите на Еј-Би-Ес, Кребтри ги убила своите деца како би извлекла 650.000 евра од осигурувањето.

Мери е обвинета дека уште во 2012 година ја убила ќерката Ерин (18), а потоа и во 2017 година го убила синот Џонатан (26). Покрај тоа, таа била обвинета и за малтретирање на другата ќерка (25), исто така со посебни потреби.

Главниот истражувач на случајот Марк Томпсон нагласува дека уште по смртта на Ерин Кребтри целата ситуација била сомнителна.

Кога Џонатан починал на сите во полицијата им било јасно дека станувало збор за убиство.

– Се сомневавме на труење. Убиствата беа мотивирани, мотивацијата се знае, пари. Сешуте собираме докази, изјавил Томпсон.

Утврдено е дека двете деца биле зависни од лекови. Што се однесува до другата ќерка, таа неколку години била тепана и измачувана.

Мери Кребтри е обвинета не само за двете убиства, туку и за мачење, нанесување на тешки телесни повреди, обид за измама и вооружен грабеж.

На 8 октомври Мери ја поставила фотографијата од својот син на Твитер и напишала : “Спомени”.

Истиот ден на својот профил го објавила кловнот од хорор филмот “Тоа”.

– Синот и ќерката ми беа во опасност од вонземјани. Ги спасив, ги испратив на небото. Вонземјаните се во мојот стомак, мора да ги извадам надвор – говорела Мери која моментално се наоѓа во психијатриска болница.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.