Проект на Здружението “Рома Перспектив” во соработка со OOУ “Добре Јованоски”

20160212_120910 (Copy)

Здружението за перспективна интеграција и развој „Рома Перспектив“ од Прилеп во соработка со ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп го реализира проектот за „Туторска поддршка за учениците Роми“ кој проект ќе трае и во наредните две години. Голем дел од учениците на кои им е потреба дополнителна настава се вклучени во овој проект и работат со тутори кои им го олеснуваат совладувањето на наставниот материјал.

20160212_114453 (Copy)
« 1 на 22 »

За таа цел, на 116-те ученици кои се вклучени во овој проект денес им беше доделен бесплатен ученички прибор (блок, водени боици, линиари, дрвени боички, тетратки, режалки, моливи, шестари итн..). Овој проект и оваа денешна акција беше позитивно прифатена од сите ученици, но и од присутните родители. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжат ваквите соработки кои помагаат за целокупниот образовно-воспитен процес во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп.

Благодарност до Рома Перспектив.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.