Шеста дупла победа на кошаркарите од прилепски Мега баскет – Без сала и без пари, ова е чудо!

Нова двојна победа на кошаркарските екипи на Мега баскет од Прилеп, шеста по ред. Двете екипи, и сениорската и младинската, вчера во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” забележаа убедливи победи.

Најпрво сениорите триумфираа над Младинец со 77:55, а веднаш по овој натпревар шеста последователна победа забележаа и младинците до 18 години, кои ја совладаа Шар Планина со 70:50.

Двете екипи во своите конкуренции се на второто место на табелата, сениорите имаат скор од 6-1 и бод помалку од првопласираниот Фенис 2010, а екипата до 18 години со идентичен скор е на бод помалку од водечкиот Тиквеш Голден Игл АД.

Иако прилепчани натпреварите ги играат во училишна спортска сала, иако немаат речиси никаква финансиска поддршка од локалните власти, од коло во коло докажуваат дека се желни, дека имаат квалитет и се истрајни во борбата да ја вратат кошарката на врвот.

Затоа, апел до вљубениците во кошарката, максимално да ги поддржуваме на трибините при секој домашен натпревар!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.