На манифестацијата „Ноември месец на науката – 2026“, која се одржа во Природно-математичкиот факултет во Скопје, ученици од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп освоија четири награди по хемија.
Натпреварот по хемија се одржа на 22.11., на кој претставувајќи ги своите креативни и истражувачки експерименти, гимназијалците постигнаа одлични резултати:
Под менторство на проф. Блаже Димески:
Прва награда:
Димитар Илијески и Ена Беличанец
Втора награда:
Марко Кузевски
Втора награда:
Ева Стеваноска
Под менторство на проф. Ружа Ангелеска:
Трета награда:
Андреј Вршкоски
Овие награди се потврда дека љубопитноста, посветеноста, тимската работа и желбата за истражување водат до одлични резултати.
На учениците им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу нови научни откритија и достигнувања!

























