(Фото) Продал се што имал и со велосипедот тргнал од Индија кон Шведска – поради љубовта на неговиот живот: Еве како живеат денес

Прадумна Кумар Маханди е роден во едно мало индиско село во 1949 година. Некој астролог му предвидел дека ќе се венча со музичарка од далечна земја, родена во хороскопскиот знак “бик”.

“Силно верував во пророштвото, а сега знаеме дека се на оваа планета е веќе “напишано”, вели Кумар.

Тој истакна дека пророштвото се остварило. Убавата приказна започнала на 17 декември 1975 година. Тогаш Кумар бил уличен уметник. Неговата сопруга Шарлот фон Шедвин, која пристигнала како турист, го замолила да и направи портрет.

“Кога застана покрај мене, мислев дека лебдам. Не можам со зборови да го опишам тоа чувство. Очите и беа сини, големи и длабоки, мислев дека гледа низ мене, како рендген”, раскажува тој.

Бил нервозен и не можел да ја нацрта жената од неговите соништа, па побарал од неа повторно да се врати.

“Се враќаше три пати и нацртав три портрети. Знаев дека таа е една и единствена за мене”, говори Кумар.

“Ќе ми бидеш жена. Нас ни е пишано да бидеме заедно”, и рекол Кумар.

Шарлот, која имала само 19 години, воопшто не била исплашена од ова и одлучила да ја започне авантурата. Тие поминале неколку недели заедно пред таа се врати во Шведска.

Нивната љубовна приказна можела тука и да заврши, но младиот и одлучен Кумар одлучил тоа да не се случи. По една години, продал се што имал и купил велосипед. Со многу малце пари и со помош на некои љубезни луѓе кои ги сретнал за време на патувањето, Кумар успеал со велосипед да помине 6.000 километри за да ја види Шарлот.

“Најголемата пречка ми беа моите мисли, моите сомнежи”, се присеќава тој.

Тие се венчале и заедно се повеќе од 40 години. Имаат две деца и нивната љубов денес е силна како и првиот ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.