Градот кој важи за расадник на театарската култура во Македонија, продолжува да живее без функционална театарска зграда.
Театарот “Војдан Чернодрински” веќе цела година е затворен, просторот околу истиот е запустен, претворен во џунгла, а на повидок нема ништо од најавената реконструкција.
Во изминатите години се најавуваше изградба на нов театар во центарот на градот, во склоп на Центарот за култура “Марко Цепенков”, но таа идеја се чини се напушти. Следуваше ветување дека целосно ќе се реконструира и обнови старата театарска зграда, но и тоа не е на повидок.
Прилеп – градот кој го има најголемиот театарски фестивал, гости и оваа година ќе пречекува без театарска зграда…Жално и срамно кон генерации на актери и театарски работници, кон целиот таленти и култура кои постојат на овие простори и кон илјадниците вљубеници во театарската култура во градот под Марковите Кули.

























