Учениците од музичкото училиште во Прилеп ги собираат сите награди: Слушнете и уживајте (Видео)

И оваа година младите уметници од музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп, преку добиените награди од неколкуте натпревари кои беа организирани овој период, докажаа дека трудот кој несебично го вложуваат, секогаш се препознава и вреднува.

Честитки на сите ученици и нивните наставници за постигнатите успеси на натпреварите Полихимнија – Скопје, Вториот музички фестивал со натпреварувачки карактер – Штип, SIMC Белина – БиХ и Орбетело – Италија

-Тамара Трајческа III награда на меѓународен натпревар во Италија од класата на проф Игор Николоски

-Анастасија Петреска I награда SIMC Белина – БиХ и Дариа Богеска I награда во Штип од класата на проф. Петар Цветаноски

-Марко Граороски I награда во Штип од класата на проф. Славица Конеска Темелкоска

-Теона Ванеска I награда во Штип и Марија Николова I награда во Штип и II награда на Полихимнија од класата на проф. Илија Иваноски

-Илина Наумоска I награда и Христијан Узуноски III награда во Штип од класата на проф. Јулијана Златеса

-Гораст Ѓорѓиоски I награда во Штип од класата на проф. Денис Најдоски

-Марко Солески и Михаил Граороски I награда во Штип од класата на проф. Мендо Ташкоски

-Бисера Баракоска III награда Полихимнија од класата на проф. Катерина Попоска

-Магдалена Ковилоска II награда Полихимнија од класата на проф. Мартина Пашоска Стојанов

Во продолжение настапот на Гораст Ѓорѓиоски:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.