“Сугарески најде пари за автопатот Блаце-Скопје, за патот Прилеп -Битола ни збор од ветеното??”

Идниот месец ќе се објави тендерот за првата делница за автопатот Скопје-Блаце, по што ќе отпочнат градежните активности – информираше пред неколку дена министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Втората денлница, пак, ќе почне да се гради следната година. Според предвидените рокови, автопатот ќе биде во употреба во 2023 година. Автопатот ќе биде долг 12,5 км, со по 3 ленти во двата правци. Проектот е вреден 110 милиони евра. Најголем дел од парите се кредит од ЕБОР. Дел се грант од ЕУ, а дел од буџетот на Државни патишта.

И покрај најавата за тендер за изградба на автопат од Битола до Прилеп, кој би се поврзал со експресниот пат кој е во изградба Прилеп-Градско, сеуште нема ни глас ни абер.

Имено, министерот Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, во септември минатата година беа во посета на општина Могила, од каде Китанов изјави:

„Ќе има и тендер за многу сериозен зафат, а тоа е автопат од Прилеп до Битола што ќе се поврзи заедно со експресниот пат кој се гради од Дреново до Фаришка Клисура. Пред два месеца го отпочнавме инстраструктурниот зафат Градско -Дреново што значи од Градско до Прилеп ќе се вози по експресен пат, рок на завршување две години, а во меѓувреме ќе почне да се гради автопат, а за да не настане застој во сообраќајот прво ќе се гради едната делница , па другата“.

Истиот проект Сугарески го најави и порано во април месец минатата година:

ВИДЕО: “Канал 5”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.