Старт за во затвop – ова е тоа! (Видео)

Во рамките од 14. коло од квалификациите за Светското првенство во Катар во КОНМЕБОЛ зоната, Бразил му гостуваше на Еквадор.

Натпреварот донесе многу акција уште во првите 20 минути. Бразил поведе со 0:1 во шестата минута, а веќе во 15-та исклучен од игра беше голманот на Еквадор, поради прекршок за кој кај нас се вели дека се завршува во затвор.

Веќе во 20-та минута втор жолт картон доби и Бразилецот Емерсон Ројал, па силите на теренот одново беа израмнети. Екварод успеа да го израмни резултатот со голот на Торес во 75-та минута, а тоа беше и конечниот резултат.

Погледнете го стартот на голманот на Еквадор, Домингез:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.