По повод одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот – 14ти Ноември, нашата здравствена установа реализираше повеќе активности со цел подигнување на свеста за дијабетесот, неговата превенција, раното откривање и навременото лекување.
Во рамките на одбележувањето беа реализирани следните активности:
-Стручно предавање на тема „Рано дејствување кај дијабетесот“, одржано од супспец. д-р Катерина Чешлароска Маркушоска, со акцент на важноста на раното препознавање и навременото лекување на болеста.
-Бесплатно мерење на гликемија и артериски крвен притисок во холот на нашата болница, во кое учествуваа и учениците од ДСУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, заедно со нивниот стручен наставник Ленче Јованоска. Со нивното учество беше даден значаен придонес во промовирањето на превенцијата и здравствената едукација.
-Активности во Инсулинската аптека – депо при Здравствен дом – Уред Прилеп, насочени кон поддршка и унапредување на грижата за лицата со дијабетес.
Со овие активности ја истакнуваме важноста на превенцијата, редовните здравствени контроли, едукацијата и заедничката грижа за здравјето.
Дијабетесот бара внимание, знаење и навремено дејствување. Превенцијата и раното откривање се чекор кон подобар и поквалитетен живот!
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп останува посветена на унапредување на здравствената заштита и грижата за здравјето на граѓаните.






























