Слушнете ја победничката песна од “Гоце Фест”: Сонцето од Кутлеш вечно ќе живее (Видео)

”Сонцето од Кутлеш” на Дарко Стојаноски му ја донесе победата на овогодинешното издание на Гоце фест 2020.

Ако изминатиот век музичката естрада останува запаметена по легендата на македонската народна музика Војо Стојаноски, тогаш овој период со право може да се каже дека е под владение на неговите потомци од фамилијата Стојаноски.

Секако тука се Дамјан и Дарко Стојаноски, како и нивните братучеди Влатко и Златко Миладиноски, генерација која на големо ја пропагира исклучиво македонската изворна музика од кичевскиот крај, која за нив е како оставена од аманет на нивниот претходник Војо Стојаноски.

Во продолжение слушнете ја победничката песна:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.