Се чистат телото и дyшата: Утре започнува шестнеделниот Божиќен пост

Божиќниот пост започнува во сабота, на 28 ноември, и трае 40 дена, сè до Бадник, 6 јануари 2027 година. Преку овој пост, верниците на православната црква се подготвуваат за Божиќ – раѓањето на Исус Христос – кој се празнува на 7 јануари.

Божиќниот пост е еден од четирите големи повеќeдневни пости во православното христијанство. Тој е вториот најдолг пост, веднаш по Великиот пост (Велигденскиот пост), иако правилата за исхрана се нешто поблаги.

Имено текот на овој 40-дневен период, верниците се воздржуваат од месо, јајца, млеко и млечни производи, додека консумирањето риба и употребата на масло се дозволени во одредени денови.

Во среда и петок, постот најчесто се држи „на вода“, што значи дека храната што се консумира мора да биде подготвена без масло. Според построгите правила, постот „на вода“ се држи и во понеделник, додека во вторник и четврток е дозволена употреба на масло.

Риба обично се јаде во сабота и недела, како и на одредени празници – вклучувајќи го и Воведението на Пресвета Богородица во храмот, кое се празнува на 4 декември.

Последните денови од Божиќниот пост се построги, не се јаде риба, а на Бадник постот се држи „на вода“.

Според црковното учење, целта на постот не е само промена во исхраната, туку и духовна подготовка за празникот. Божиќниот пост подразбира молитва, простување и воздржување од кавги, груби зборови и негативни мисли, како и вршење добри дела и помагање на другите.

Начинот на постење може да се прилагоди според возраста, здравствената состојба и личните околности на верникот, во консултација со свештеник. Божиќниот пост завршува на Бадник, а на 7 јануари – на самиот Божиќ – повторно може да се служи мрсна храна (млечни производи и месо).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.