Светски познатиот џудо мајстор од Прилеп: „Спортот се претвори во бизнис на грбот на децата“

Џудо мајсторот кој 40 години живееше во САД, редеше историски спортски успеси и беше успешен бизнисмен, сега во пензионерски години, се’ уште е активен и посветен на џудото и се’ уште се натпреварува во ветеранска конкуренција. Сега прв човек на Џудо клубот Осака од Прилеп, каде неговите ученици во изминатите десетина месеци освоија: 4 златни, 5 сребрени и 4 бронзени медали на различни домашни и меѓународни натпревари.

Димески преку ФБ статус реагира за начинот на кој работат одредени клубови низ државата, што според него е погрешно и незаконито.

Фејсбук статусот на Димески го пренесуваме во целост во продолжение:

-Спортски клубови, профит и криминал на газди регистрирани како Клуб на граѓанско здружение!

Како ви ги крадат вашите пари кога вие веќе еднаш сте платиле данок кон државата скоро 40% генерално земено на се.

– Плаќате клубска чланарина – криминал!
– Освоени медали на државни првенства – криминал (децата спортисти не добиваат ништо од она што клубовите го заработуваат…)

Треба да знаете дека на спортските клубови (Минстерство за спорт, кое е дел од Владата на РСМ) им доделува финасиски средства за развој на спортот во државата како ЗДРУЖЕНИЈА.

Секој еден платен денар од спортистите за развој на спортот, како на пример: чланарина, патувања, ноќевања, храна, плаќање за натпревари и друго, веќе се смета како сторен криминал кон вас, како веќе даночен обврзник кон државата, или дупло оданочување на друг подмукли начин.

Спортски клуб регистриран како ДООЕЛ има право на ова се горе наведено, дури и повеќе. Ова е само мое мислење (консултирајте се со вашите адвокати), пишува Димески




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.