РК Прилеп го сомле Еурофарм Пелистер 2 – следната сезона градот заслужува сала и плеј-офф

Ракометарите на Прилеп ја продолжија одличната серија во плеј-аут разигрувањето во Супер лигата, запишувајќи ја петтата последователна победа, односно шеста во низа сезонава. На домашен терен тие го совладаа составот на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 29-26, нанесувајќи им го третиот пораз во оваа фаза.

Ова е прва победа на Прилеп над битолскиот тим по јуни 2024 година. Со новите бодови, прилепчани сега имаат вкупно 30 на табелата, што е пет повеќе од Еурофарм Пелистер 2. Иако овие натпревари немаат директно резултатско значење, тие јасно покажуваат кој тим ќе биде подготвен следната сезона да се бори за место во плејофот.

Најефикасен во редовите на Прилеп беше Димитар Димитриоски со осум погодоци, додека Денис Шабановиќ додаде седум. Голманот Иван Ангелески имаше значаен придонес со повеќе успешни одбрани. Кај гостите, Мохамед Азис и Славчо Шулески постигнаа по пет гола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.