Прилепското диџеј дуо “Cyrillic” го објавија својот најнов сингл насловен како “Севда”, а е преработка на песната “Твојте очи Лено мори”.
Песната и спотот се во продукција на “Sky Eye Entertainment”, текстот и режијата се дело на Зоран Зонде Стојановски, а вокалот го позајми Наташа Малинкова.
Спотот изобилува со прекрасни предели од Марковите Кули и прилепското поле, а девојката која се појавува во спотот е Марија Давчевска.
Уживајте во продолжение: