ПУКАНО ВО КУЧЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП – ветеринарите морале да му ја ампутираат ногата

Вознемирувачки случај на насилство врз животно е регистриран во Прилеп, откако куче било тешко повредено од огнено оружје во централното градско подрачје.

Од Ветеринарната амбуланта „Дамески“ информираат дека поради сериозноста на повредата, биле приморани да извршат ампутација на ногата за да му го спасат животот.

„Денот го завршуваме со пациент на кого беше неопходно да му се ампутира ногата. Причина – рана нанесена со огнено оружје, и тоа во централно градско подрачје. Кучето ќе биде добро и ќе има квалитетен живот и покрај својот хендикеп“, стои во нивната објава.

Од амбулантата изразуваат загриженост за односот на поединци кон животните, потенцирајќи дека ваквите случаи отвораат сериозни прашања не само за хуманоста, туку и за безбедноста во заедницата.

„Се наметнува прашањето – каде исчезна хуманиот однос кој треба да го имаме спрема животните, но и прашањето за безбедноста, не само на кучињата“, додаваат од „Дамески“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.