Прилепските православни храмови ќе собираат помош за сиромашните семејства утре на Цветници: Блажени се милостивите зошто тие ќе бидат помилувани! (Фото)

За големиот христијански празник Цветници, во прилепските храмови Свето Благовештение (Стара Црква), Свето Преображение (Грчка црка), Свети Кирил и Методиј (Параклис) и црквата Света Петка, поставени се кутии за собирање на донации за сиромашни семејства.

Да помогнеме кој колку може и да донесеме среќа и полна празнична трпеза за Велигден на оние на кои им е најпотребно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.