По одличната победа на гостувањето кај Младост во Богданци, ракометарите на РК Прилеп ги очекува згуснат распоред и два натпревари во само неколку дена.
Првиот предизвик е утре (среда, 23.09) со почеток од 19:30 часот, во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, кога Прилеп на домашен терен го пречекува Тиквеш во натпревар од Супер лигата.
А мотивацијата да биде дополнителна, Прилеп неодамна на турнирот “Миле Нешкоски” го совлада Тиквеш, со убедливи 36:29.
Само неколку дена подоцна следува и нов голем предизвик, гостување кај Охрид.
Два натпревари, два сериозни противници, а на трибините потребна е поддршка!
























