Полицијата во Прилеп уапси 8 лица по масовна тепачка, започнале во крушевско, продолжиле во брзата помош во Прилеп

На 25.05.2026 во 22:15 часот на ул. „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ц.У.(31), Ч.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36) и еден 17-годишен малолетник, сите од с. Пресил, крушевско и С.К.(52) и Х.К.(18) од с. Саждево, крушевско.

Според пријавеното, на 25.05.2026 во 19:30 часот С.К. и неговиот син Х.К. движејќи се со патничко возило „пасат“ на пат кон с. Саждево биле пресретнати од патничко возило „бмв“, управувано од Е.У., зет за ќерка на пријавителот, при што тој физички ги нападнал. Подоцна, С.К. и Х.К. се јавиле на преглед во Итна медицинска помош Прилеп, каде биле нападнати од Ц.У., Ч.У., Е.У., А.У., Е.У. и малолетник, при што употребиле и метални и дрвени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.