-На 12.08.2026 во 13:35 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, со наредба од Основен суд Прилеп, поради сомнение за кривично дело „убивање или уништување на заштитени видови на дива флора и фауна” по член 232-а од Кривичен законик, извршија претрес во домот на Н.Ј.(46) од Прилеп. При претресот биле пронајдени и одземени 10 птици од видот Carduelis – Carduelis и кафез. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.
























