Пингпонгарскиот клуб “Младост 96” од Прилеп на самиот врв: Kлубското финале на “Телеком турнирот” му припадна на Петар Костовски (ФОТО)

Во неделата во спортската сала во СОУ “Ѓорче Петров” во Прилеп, се одржа првиот бодовен “Телеком турнир” за сениори до 21 година.

На турнирот учество зедоа и натпреварувачи од ППК Младост96. Постигнат е одличен успех. Во финале се пласираа двајцата играчи на Младост 96, Петар Костовски и Александар Рикалоски.

Костовски го доби финалето и стана победник на “Телеком турнирот” кој се бодува за Ранг листа на ППФМ. Со овој успех Младост96 уште еднаш покажува дека е на врвот на пингпонгот во Македонија и во оваа категорија.

Инаку двајцата пингпонгари до финалето немаа изгубено натпревар, а во финалето Костовски заслужено извојува победа. Во полуфиналето и двајцата убедливи над своите ривали и тоа со по 4-1. Костовски извојува победа над Јованов, а Рикалоски над Костадиновски од УГД-Штип.

Третото место го освои Јованов кој го победи Костадиновски. Во женска конкуренција прва беше Ана Стојановска од ППК Крива Паланка, која во финалето ја победи Ива Димитриевска од ППК Рисови од Скопје, во највозбудливиот натпревар на турнирот со 4-3.

За ППК Младост96 настапија уште пионерите: Лука Огненоски, Давид Богданоски, Наум Наумоски, Димитар Мијајлески, Лука Ѓорѓиоски и Камелија Стојческа.

За нив ова се турнири на кои се собира искуство. До крајот на оваа полусезона останува уште бодовниот Телеком турнир за сениори, кој ќе се одржи во Скопје наредната недела.

На турнирот учество ќе земат и играчите на ППК Младост96: Костовски, Рикалоски, Лашкоски и Апостолоски, при што се очекува да се борат за највисок пласман.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.