Откријте уште колку луѓе го имаат вашето презиме и каде живеат

Сметате дека имате несекојдневно и единствено презиме, но сигурно барем еднаш во животот сте се запрашале колку луѓе во светот го носат вашето презиме.

Новата интернет страница „Ворлд Нејмс“ („World Names“) нуди одговор на ова прашање.

Откако на страницата http://worldnames.publicprofiler.org ќе го напишете вашето презиме и вашата и-маил адреса, од базата на податоци ќе се прикаже бројот на лица кои имаат исто презиме како вашето и во кои држави живеат.

Освен на оваа страница, вашето презиме можете да го проверите и на страницата Forebears.in. Во базата на податоци на оваа страница има 11 милиони презимиња, пишува „Ајриш Екзаминер“.

На оваа страница постои и опција со која можете да дознаете и занимливости за вашето презиме, како и негови варијации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.