Најновото филмско остварување на еден од најпознатите македонски режисери, Милчо Манчевски, на 3 декември ќе има проекција во Прилеп. Публиката во Кино Мис Стон ќе има можност да го погледне филмот „Сестра, брат и шахта“, црна комедија која преку хумор и сатира ја прикажува борбата на двајца млади луѓе против корумпираното општество.
Филмот носи приказна за братот и сестрата Ивица и Марица, кои крадат бисти за да преживеат, сè додека еден ден не сретнат богата слепа баба. Станува збор за остра сатира, но и нежен портрет на двајца ликови кои со хумор и пркос се обидуваат да се снајдат во општество исполнето со неправди и корупција.
Режијата и сценариото се на Милчо Манчевски, а во актерската екипа се Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Дејан Лилиќ, Петар Мирчевски, Стефан Николовски, Јордан Симонов, Јасмина Василева, Марина Поп Панкова, Симона Спировска, Ана Костовска и Ванчо Ѓошевски.
Филмот е копродукција на Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Англија, од 2026 година, а неговото времетраење е 115 минути.
Проекцијата во Прилеп ќе се одржи во четврток, на 3 декември, со почеток во 19:00 часот, во Кино Мис Стон.
Влезниците чинат 150 денари и ќе се продаваат на билетарницата во киното на 1, 2 и 3 декември, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, како и еден час пред почетокот на проекцијата.
Љубителите на седмата уметност ќе имаат можност да го погледнат најновиот филм на Милчо Манчевски на големото платно во Прилеп.
























