Нов паркинг во центарот на Битола: Обезбедени 25 нови паркинг места (ФОТО)

Изградбата на новиот паркинг простор и реконструкцијата на улицата „Браќа Џаферови“ во Битола влегуваат во завршна фаза. Денес на локацијата беше поставен асфалт на површина од околу 1.100 квадратни метри.

Со реализацијата на проектот, градот ќе добие 25 нови паркинг места во централното градско подрачје. Покрај паркингот, предвидени се и ново улично осветлување и атмосферска канализација, со што ќе се подобри инфраструктурата и безбедноста во овој дел од градот.

За реализација на проектот, Општина Битола од сопствениот буџет издвои 2.752.772 денари.

Од Општината информираат дека паралелно се работи и на уредување на нови паркинг простори на повеќе локации низ градот, со цел да се намали недостигот од паркинг места и да се подобри сообраќајната функционалност во центарот на Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.