Малокоњарци реагираат: Сметот не е собран од вторникот, доброволци се организираат за акција (ФОТО)

Жителите на прилепско Мало Коњари реагираат, цела недела не им било собрано ѓубрето од јавното комунално претпријатие “Комуналец”.

“Кантите ни стојат полни со ѓубре пред дворовите од вторникот, камионот го нема да помине. Зарем ние во селата не сме луѓе?”, стои во дописот до нашата редакција.

Апел до комуналците час поскоро да го соберат ѓубрето, населеното место Мало Коњари е едно од поголемите во прилепско, а жителите на ова населено место заслужуваат да живеат достоинствено.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.