Концерт на КУД “Пере Тошев” утре во големата сала на ЦК “Марко Цепенков”

На 26 септември 2026г. /сабота/ од 19.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цешенков“ целовечерен концерт ќе одржи КУД „Пере Тошев“, кое ќе се претстави со дел од својот репертоар. Гости на концертот насловен „Со љубов за Прилеп“, се Џез Хор „Артизан“ од Скопје и КУД Моминок.

При тоа ќе се реализира Поетско катче со дел од поезијата од Марија Мантова и Тони Павлески. Концертот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Податоци за КУД „ ПЕРЕ ТОШЕВ “ – Прилеп.

Друштвото е формирана на 5 мај 1987 година со две секции:

1. Пејачки состав на просветните работници од Општина Прилеп и
2. Реацитаторска група

Низ годините пејачката група се проширува со нови членови , вљубеници на хорското пеење , прераснува во хор и се регистрира како културно – уметничко друштво кое негува богата музички репертоар , хармонизирани македонски староградски народни песни , ренесансни песни како и хорски композиции од различни музички автори.

Во текот на речиси 40 годишното постоење хорот има реализиарано голем број на настапи, учествувано на разни музички манифестации во земјава и во странство, одбележување на разни настани и датуми од поблиското и подалечниото историско минато на Општина Прилеп. Има добиено бројни награди и признанија, меѓу кои и Трето ноемвриската награда на Општина Прилеп во 2013 година .




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.