Жална слика од село Боротино – Изведени подоцна останаа во гнездото, апел за спас на две млади штркчиња (ФОТО)

Тажна глетка од село Боротино, општина Кривогаштани. Две мали штркчиња останале сами во гнездото, откако возрасните штркови ги напуштиле своите живеалишта. Штркчињата се покасно изведени и сè уште не се доволно големи и силни за да летаат и самостојно да се снајдат.

На високите августовски температури, малите штркови се изложени на жешкото сонце и без заштита останале сами и беспомошни. Фотографиите и информацијата се испратени од велосипедист, а случајот го објави Здружението за заштита на животни „Шанса за живот“ од Прилеп.

Од здружението апелираат информацијата да се споделува, со надеж дека ќе стигне до некој кој може да помогне и да им обезбеди соодветна грижа на двете мали птици.

Целта е штркчињата да добијат шанса да пораснат, да зајакнат и еден ден самостојно да ги рашират крилјата и да полетаат.

Во вакви ситуации секоја помош може да биде драгоцена. Споделете ја информацијата и помогнете оваа приказна да стигне до луѓето кои можат да реагираат.

Овие благородни птици заслужуваат спас!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.