Ексклузивно: Дали двократен европски шампион ќе гостува во сала со пола расипани рефлектори и соблекувални без бојлер?

Ракометарите на РК Прилеп, во недела (25.10.), во рамките од осмото коло од Супер лигата, ќе го пречекаат двократниот европски шампион – екипата на РК Вардар.

Ако вардарци се навикнати да играат натпревари на големата сцена во спортски сали кои се вистински храмови, осветлени со стотици рефлектори, а така е и во голем број градови ширум државава, во Прилеп ќе ги пречека полутемна сала, а и соблекувални без бојлер?

Ова е она што го дознаваме од спортските работници и спортистите во Прилеп, кои со овој апел се надеваат дека раководството во СОУ “Ристе Ристески- Ричко” ќе смогне сили, и до недела ќе ја дотера салата за гостувањето на црвено-црните.

За пофалба, неодамна слична состојба со осветлувањето имаше и во ООУ “Добре Јованоски”, каде директорката експресно реагираше, па преку ноќ расипаните рефлектори беа сменети, а кошаркарите од Мега Баскет добија нормални услови за одигрување натпревари и обавување на своите тренинзи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.