Во индустриската зона Жабени во Битола денеска компанијата Брејнчајлд ќе отвори фабрика каде ќе се произведува опрема за спортови на вода и ветер.
Фабриката се протега на површина од 3.500 метри квадратни, а во втората фаза во план е да се изгради уште една хала со дополнителни 2.500 метри квадратни.
Во моментот, во компанијата се вработени 226 лица.
Фабриката ќе биде отворена во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и сопственикот на фабриката Ралф Гросел.
Освен сериското производство во новоизградената фабрика во индустриската зона Жабени, лабораторијата во Битола ќе продолжи да функционира како центар за иновации, истражување и развој.
Брејнчајлд е компанија основана во Битола во 2020 година од страна на Ралф Гросел – претприемач, иноватор и ентузијаст за адреналински спортови на вода и ветер. Ралф е креатор на брендот Брајнчајлд, кој е целосно посветен на воспоставување одржлив и еколошки одговорен производствен процес, со визија да се развие во оригинален производител на опрема (OEM) за спортови на вода и ветер, и тоа во Македонија.
Уште од своето формирање во 2020 година, Брајнчајлд Продукција работи во изнајмен објект од 1.630 квадратни метри во индустрискиот дел на Битола, со тим од 30 посветени вработени. Овие вложувања се придружни активности на
компанијата кои водат кон главната идеја на компанијата, за воспоставување на напреден, ефикасен и економски најконкурентен OEM производствен капацитет за кајтови, крила и друга опрема во светот.
Резултатот од работата на компанијата е видлив и значаен уште сега. Само во 2024 година, во Брејнчајлд Продукција беа развиени 243 прототипови на нови производи во повеќе варијанти и верзии, за кои следуваат фазите на тестирање во реални услови од професионални спортисти. Прототипите кои ќе ги поминат овие тестови, ќе преминат во следна фаза, односно фазата на сериско производство.
БРЕЈНЧАЈЛД ПРОИЗВОДСТВО
Токму фазата на сериско производство на продуктите на брендот Брејнчајлд е главна активност на втората компанија – Брејнчајлд Производство. Паралелно на инвестициите во центарот за истражување и развој, Брејнчајлд инвестираше во
изградба на нов производен погон и негово целосно опремување со производни
линии.
Инвестициските планови опфаќаат инвестиции во изградба на нова фабрика и набавка на комплетна опрема за производство. За таа цел, купено е земјиште во индустриската зона Жабени, каде во 2025 година започната, а во 2026 година заврши изградбата на халата со големина од 3500м2 во прва фаза, а во втората фаза се планира да се изгради уште една хала од дополнителни 2500м2.
Во моментов, во компанијата се вработени 226 лица. Додека сериското производство ќе се одвива во новоизградената фабрика во индустриската зона Жабени, лабораторијата во Битола ќе продолжи да функционира како центар за иновации, истражување и развој. Тука ќе се истражуваат нови технологии, одржливи материјали и програми за континуирана
обука, со цел понатамошно унапредување на нивните производи и процеси. Со визија насочена кон иднината, Брејнчајлд е подготвен да биде лидер во развојот на иновативни и одржливи производи за спортови на ветер и вода, да го
поттикнува развојот на локалните таленти и да придонесува позитивно кон животната средина.

























