ДЕНЕС Е ПОСЕБЕН ДЕН: Моќната симболика на броевите 11:11

Денешниот ден ни носи силна енергија да разбудиме во себе нова сила за пресврт во животот.

Денеска е 11 ноември, многу посебен ден. Барем така вели нумерологијата, која бројот 11 го опишува како исклучително моќен, односно комбинација на броевите 11 и 11 како неверојатен спој на духовното будење и моќните почетоци. 11 е сам по себе број на почетокот, интуицијата, пресвртот.

Денешниот ден ни носи силна енергија да разбудиме во себе нови потенцијали, нова сила за пресврт во животот или да дојдеме до значајни сознанија кои може да ни го изменат животниот пат.

Исклучително е важно што промените кои можеме да ги иницираме најчесто се позитивни. Како што вели нумерологијата, универзумот на 11.11 ни праќа порака да обратиме внимание на тоа што ни го зборуваат срцето и душата.

Денес се големи и шансите да ја сретнеме сродната душа, ова е и ден на средби на љубовници кои одлично се разбираат, а целиот месец ноември е месец на љубовта.

На 11 ноември се родени Леонардо Дикаприо и Деми Мур, а се вели дека лицата родени на овој ден имаат иста енергија како и волшебните броеви на нивното раѓање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.