Две добри дела одденаш, за своето и за здравјето на Виктор – Денеска посетете ја солена соба во Прилеп, целиот промет оди за лекување на Виктор Николоски

Денес, 29.06.2026, целиот дневен промет од Salt Play Spa – Солена соба во Прилеп ќе биде дониран за нашиот сограѓанин Виктор Николоски, кој повторно се бори за својот живот.

По тешката борба која ја водеше минатата година, операцијата и лекувањата во Турција, Виктор повторно се соочи со најтешката вест – туморот се врати и му е потребна итна помош за нова операција и лекување.

Овој пат можеме да помогнеме на едноставен начин – да се погрижиме за себе и истовремено да направиме нешто големо за Виктор.

Посетете ја денес Salt Play Spa, почувствувајте ги бенефитите од солената соба за вашето здравје и здравјето на вашите најмали, а вашата посета нека биде и поддршка за едно младо семејство кое повторно води тешка битка.

Позади Бизнис центарот, веднаш до „Калипсо“, се наоѓа Salt Play Spa – место создадено со многу љубов од три другарки, кои од една идеја направија приказна што денес им помага на голем број деца и возрасни од Прилеп и регионот да дишат полесно и да се чувствуваат подобро.

Денес вашата посета значи повеќе од релаксација, денес вашето здравје станува помош за Виктор.

Да покажеме уште еднаш дека Прилеп има големо срце.

Salt Play Spa – позади Бизнис центар, веднаш до „Калипсо“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.