ВИДЕО КОЕ ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ: Вака изгледа блиска средба меѓу Месечината и Земјата

НАСА секојдневно поставува астрономски фотографии и видеа на денот, а таа “титула” неодамна ја доби ова интересно видео.

Видеото на фотографот Даниел Лопез ја прикажува Месечината која е неверојатно блиску до Земјата.

Станува збор за природна оптичка илузија.

Месечината е снимена во почетокот на јуни, а луѓето кои стојат на врвот од планината оддалечени се 16 километри од објективот на телескопската камера.

Интересно е тоа што луѓето кои ги гледате на видеото не ја гледаат Месечината вака голема. На видеото ни е прикажна она што го гледа фотографот.

Изгледа неверојатно, погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.