(ФОТО) ГО РИЗИКУВАЛ ЖИВОТОТ ЗА ДА ИГРА НА МУНДИЈАЛ: Дали е тој најхрабриот фудбалер на светот?!

Мароканскиот фудбалер Нордин Амрабат ги прекршил упатствата на ФИФА на мечот против Португалија. Имено, тој имал потрес на мозокот кој го добил во петокот на утакмицата против Иран, па лекарите го советувале да не игра во наредните 6 дена.

Сепак, за да не го пропушти важниот меч против Португалците, тој го скратил препорачаното време на 5 дена, но тоа не е се.

Најпрво се појави со заштитна капа, но во 16-тата минута ја извади и ја фрли на клупата. Со овој потег го воодушеви светот и докажа дека фудбалот е повеќе од игра.

За жал, неговата желба и пожртвуваност не беа доволни, па Португалија го доби мечот со минимален резултат 1-0.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.