Битолчанецот Христијан Илиоски ја освои петтата европска титула во БМУ шампионатот!

Христијан Илиоски – Кико ја освои БМУ европската титула во класата MX1 за 2026 година, две рунди пред крајот на шампионатот.

Македонскиот мотокрос ас oд Битола го завери трофејот на седмата рунда во Унгени, Молдавија, каде што триумфираше во двете трки и освои максимални 50 поени.

Илиоски сега има 279 поени во генералниот пласман, дури 106 повеќе од второпласираниот Јигит Али Селек од Турција. До крајот остануваат уште рундите во Севлиево и Трикала, но ниту теоретски Кико повеќе не може да биде стигнат.

За Илиоски ова е петта европска титула во кариерата, а вкупно има 18 шампионски трофеи, од кои 13 национални и пет европски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.