Балканскиот романтичар доаѓа во Прилеп: Единствена шанса да се ужива во прекрасен амбиент и музика

Eдно од најголемите музички имиња на Балканот, Aдил Максутовиќ, доаѓа во Прилеп. На 02.08.2019 (Илинден), тој ќе одржи голем концерт во ексклузивниот летен ресторан на “Ла каса гранде – Премиум”.

Гостите ќе имаат можност да уживаат во прекрасните балади и милозвучниот глас на Адил, кој важи за еден од најголемите романтичари на поранешните екс ЈУ простори.

“Не могу без тебе”, “Синови туге”, “Љуби ме по сечању”, “Од усана до стопала”, “Лаку ноч”, “Хитно”, “Маскенбал”, “Нико ме нема”, “Не дижи руку на нас”, “Веруј у нас”, “Моје си небо и многу други хитови, се само дел од богатиот репертоар на Адил.

Картите се веќе во продажба и се по цена од 300 денари. Телефон за резервации: 077/997-744

Летниот ресторан на салата за свадба “Ла Каса Гранде – Премиум” во Прилеп е посебна приказна. Секој кој бил на некаква свеченост знае за колку естетски добро и совршено место станува збор. Секако тоа е мотив плус да се биде присутен на концертот и во еден таков убав амбиент да се ужива во уште подобра музика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.