Tyтyнapите извиcиja и со пpoлонгиpaниот откyп на тyтyнот, нeoткyпени ocтанaa безмалкy еден милион килогpaми тyтyн (Видео)

Македонските тутунопроизводителите повторно извисени. Пролонгираниот рок за откуп на вишокот тутун од ланската реколта кој заврши на 31-ви март, не им ги реши целосно проблемите. Според нивните проценки, и покрај бројните ветувања, во тутунските амбари, останати се уште најмалку 700 тони тутун, но стравуваат дека тие количини се и поголеми – објави “AЛФА ТВ”.

„Заврши една тешка и понижувачка реколта за тутунарите, со просечна цена од 159 денари според ИСАП-ситемот, но на терен останаа количини околу 500 до 700 тони, но не е проблем, тие количини да достигнат до еден милион килограми….Тој тутун, точно е, ќе остане за наредна реколта, меѓутоа ќе изгуби на квалитет. Но, што е, тоа е, каква ни е државата и такви ни се условите оваа година за проценката и продажбата на тутунот“, – вели Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.

Исправени пред предизвикот за новата сеидбена реколта, а која веќе е во ек и соочени со беспарицата, тие денеска испратија, којзнае кое по ред, ново писмено барање до премиерот за итна исплата на средствата од петтиот пакет ковид- мерки, во вкупна вредност од пет милиони евра.

„Тука го потсетивме премиерот дека ни ветуваше просечна откупна цена од 180 до 185 денари. Ако се знае податокот дека просечната откупна цена достигна 159 денари, бараме таа разлика од 26 денари да ни се исплати линеарно на секој тутунопроизводител. Исто тука, му напоменавме и за петтиот ковид-пакет, во кој ние како тутунари бевме внесени во тој пакет, меѓутоа до ден – денс нема изгласано одлука во Собранието. Апелираме што побрзо да се донесе таа одлука и тие средства, какви-такви, колкави и да се, да се распределат веднаш до тутунарите“, – објаснува Мирчески.

Инаку, годинашаната реколта ќе тежи 21 милиони килограми, или 2 милиони килограми помалку од лани. Следственона ова, тутунарите велат дека престојната реколта ќе била многу потешка и попонижувачка, бидејќи ќе морале да бараат алтернативни култури за да можат да преживеат, оти во спротивно,ќе станеле социјални случаи.

Каролина Дурло за “AЛФА ТВ”








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.