Toфилоски пречекан како голема ѕвезда во косовска Дрита: Екс капитенот на Победа претставен како големо засилување (Видео)

Доскорешниот голман и капитен на Победа, Дарко Тофилоски, одбра една од повеќето понуди за премин во странски клуб. Негов избор е косовскиот прволигаш Дрита од Гнилане.

Kлубот го прими Дарко како голема голманска ѕвезда. Подготвиле видео за негово претставување пред навивачите. Во текстуалниот дел е стои дека е голман со богата кариера, оти настапувал во Швајцарија, Словачка, Ерменија и Македонија.

Дрита претходното првенство го освои 4 место, а во следното претендира на повисок пласман.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.