Teшка сообраќајка во битолско, се судрија 3 возила управувани од 23-годишни момчиња – има и повредени

-На 20.06.2026 во 00:19 часот во СВР Битола пријавена е сообраќајна несреќа на патот Битола – Маково кај с. Логоварди, битолско помеѓу патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(23) од с. Логоварди, патничко возило „форд” со битолски регистарски управувано од А.П.(23) од Битола и сопатник 13- годишник од Битола и патничко возило „мазда” си битолски регистарски ознаки управувано од А.К.(23) од Добромири општина Новаци и сопатничка А.К.(29) од с. Добромири. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.П. и А.К., а сопатниците се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Од страна на полициските службеници лишен од слобода бил возачот Д.Б. бидејќи возилото го управувал под активна забрана за управување со моторно возило. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.