Синоќа во Ликовната галерија на ЦК”Марко Цепенков” беше отворена изложбата “Фузија” од Христијан Томан, на која уметникот се претставува со 30 дела – дигитални илустрации како и цртежи во помал формат, сите дела во а4 и а3 формат.
“Инспириран од безвремената литература и симболи, сакам да ги реинтерпретирам овие приказни преку различни стилови и сопоставувања, инкорпорирајќи ги тактилните квалитети на графиката со ликовни вредности. Дигиталниот медиум ми е цел да ги обедини овие елементи, нудејќи им на гледачите подруга перспектива на познатите наративи, премостувајќи го минатото и сегашноста и поканувајќи ги да ја истражат визуелната сложувалка – вели авторот, кој дипломирал на ФЛУ во Скопје, отсек графика со насока графички дизајн и се занимава со графички дизајн, илустрација.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.



























