Teшка сообраќајка на патот Прилеп-Битола, повредени 5 лица

-На 15.08.2026 во 17.09 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп кај место викано “Петилеп” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв” со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(46) од Белград и патничко возило “опел” со битолски регистарски ознаки управувано од З.М.(48) од с. Свето Тодори, Општина Могила.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С. и неговите сопатници К.С.(46) и 15 годишен малолетник двајцата од Белград, констатирани во Клиничка болница Битола.

Додека пак, другиот возач и неговиот сопатник М.В.(31) од Битола се здобиле со телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.