Taравари: Алијанса во Кичево ќе гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најавува дека неговата партија најверојатно ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

Наш политички противник е ДУИ, а секој кандидат кој не е од ДУИ треба да биде поддржан од албанската опозиција, рече генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за порталот Тетова сот.

Таравари најавува дека неговата партија најверојатно ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

– Мора најпрво да седнеме со нашиот коалициски партнер Алтернатива и верувам дека за два-три дена ќе ги имаме дефинирано партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички протиник е ДУИ, па секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок – изјавил Таравари.

Тој вели дека веќе испил кафе и со шефот на изборниот штаб на Беса, Аријанит Хоџа, и дека и нему му кажал дека главниот политички противник за Алијанса за Албанците е ДУИ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.