OВА БИЛЕ ВРЕМИЊА! Прво македонско дерби во историјата на независна Македонија пред преполн градски во Прилеп (ВИДЕО)

На 23.08.1992 година се одиграло првото коло и првиот дерби натпревар во независна Македонија.

Пред 10.000 публика на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, силите ги одмериле прилепска Победа и Вардар.

Резултатот на натпреварот бил поставен во првото полувреме. Тони Наумоски стрелал за Победа во 31-та минута, а само 4 минути подоцна изедначил Сашо Тодоровски.

Градскиот стадион во Прилеп вриел како котел, а многубројните навивачи биле главна поддршка за црвено-белите.

Иако Вардар бил голем фаворит на овој натпревар, победашите успеале да се покажат како повеќе од силен противник.

Прилепчани во денешно време мечтаат да се вратат овие славни мигови од историјата на македонскиот фудбал и одново да го видат градскиот стадион во полн сјај.

Погледнете:

ВИДЕО: “Прилепски спорт”