Moторцикли, електрични тротинети, па и велосипеди – СВР Битола напиша СТОТИНА казни во еден ден

-На 13.06.2026 во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. Притоа, биле констатирани вкупно 80 прекршоци кои ги прават моторциклистите, од кои 44 за неносење на заштитна кацига-шлем, пет прекршоци за управување под дејство на алкохол, седум мерки за измината важност на сообраќајна дозвола, две мерки за измината важност на осигурителна полиса и 22 мерки за останати прекршоци. Додека, 10 мерки се преземени за возачите на електрични тротинети.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – стои во соопштението од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.